Во Перу денеска се одржуваат претседателски избори, на кои гласачите избираат помеѓу неолибералка и марксист.
Според аналитичарите, перуанските гласачи ќе постават нов правец на државата на денешните клучни претседателски избори помеѓу социјалистичкиот кандидат Педро Кастиљо и ќерката на контроверзниот поранешен претседател Алберт Фуџимори – Кеико Фуџимори. Кој и да победи, како што наведуваат, земјата се соочува со нестабилна и неизвесна иднина.
Кастиљо, чија социјалистичка партија Слободен Перу беше силно поддржана од посиромашните рурални региони, има мала предност во однос на конзервативката Фуџимори, која е популарна во главниот град Лима, велат експертите.
Земјата смени тројца претседатели од крајот на 2020 година, има највисока смртност од коронавирус во светот и минува низ најтешката економска криза во последните три децении.