Институционалните реформи, мигранти, конкурентноста и заштитата на европскиот начин на живот ќе бидат во центарот на белгиското претседателство со Советот на Европската унија, најавија премиерот на Белгија Александар де Кроа и министерот за надворешни работи Хаџа Лабиб.

Дали ова ќе ѝ помогне на Македонја е едно од прашањата кои се наметнува откако денеска Белгија и официјално го презема претседавањето со ЕУ. Освен што ова претседавање ќе носи и симболична порака бидејќи се враќа во „срцето на Европа“, овој период ќе биде одбележан и со кампањата за Европските избори закажани за јуни следната година.

Белгија го презема кормилото на Советот на ЕУ од Шпанија и со него ќе раководи до јули, кога на таа позиција ќе биде заменета од Унгарија. Овие шест месеци ќе бидат под големо влијание на институционалната транзиција, имајќи предвид дека привршуваат мандатите на Европскиот парламент и на Европската комисија, па некои од познатите европски функционери можеби за последен пат ќе ги видиме на нивните досегашни позиции.

Претседателството ќе им даде приоритет на внатрешните реформи кои се неопходни за да се одржи функционална унија и да се овозможи решителна акција во интерес на нашите Европејци, рече Де Кро.

Тој, исто така, рече дека Унијата ќе мора да се реформира – нејзината политика, нејзините буџети, институции и во однос на можното идно проширување на блокот на Исток и Западен Балкан.

Инаку, во изјава за Euronews Србија, амбасадорката на Белгија во Белград, Кети Бугенхаут, изјави дека желбата за проширување секако постои и оти Брисел ги гледа земјите од Западен Балкан како потенцијални, нови членки.
Иако сè уште не е позната точната агенда на важните состаноци, она што го најави белгискиот шеф на дипломатијата е дека на 19 април ќе се одржи голем самит за проширување на прославата на 20-годишнината од големото проширување во 2004 година, кога се приклучија десет земји. блокот – Кипар, Чешка, Естонија, Унгарија, Латвија, Литванија, Малта, Полска, Словачка и Словенија.

Белгија од денеска по 13-ти пат ќе ја има улогата на претседавач со ЕУ. Инаку, Брисел како цели ја издвојува заштитата на блокот од миграција и притисок, а неминовно има и актуелни геополитички прашања кои произлегуваат од избувнувањето на конфликтите во Украина и на Блискиот Исток.

Македонија останува со статус кво ситуација. Ние и натаму остануваме со препораката од последниот самит на Унијата во декември. Од ЕУ бараат прво уставни измени, па старт на преговорите.

Сепак, овој процес сепак паѓа во сенка на двојните избори оваа пролет, па Македонија тешко дека ќе успее да постигне некаков напредок за време на белгиското претседавање со Унијата.

СДСМ уверува дека уставните измени се последно барање, но само пред неколку дена добија ладен туш од бугарската вицепремиерка Марија Габриел која јасно напомена дека за Скопје ќе има и други барања. Од друга страна пак, ВМРО-ДПМНЕ како најголема партија е против уставни измени под бугарски диктат, така што се ќе се одлучува по изборите напролет.