Изминатата пролет ДКСК ја нарече оваа истрага „комплексна“. Антикорупциска во мај информираше дека добила од Народна банка документ за извршена исплата на седум милиони и 800 илјади долари за увоз на стока кое Министерството за здравство го има исплатено на 15 февруари, а НБ го има реализирано во корист на Стабри Интернешенел од Хонг Конг.
– При крај е предметот за набавката на вакцините, ќе излеземе во јавност со јасни докази, информираше кусо Ивановска во студиото на ТВ24.
Од МЗ известиле дека немаат исплатено аванс на правно лице за купување кинески вакцини, туку на почетокот на оваа година има извршено уплата на средства на име гаранција со цел да се изврши резервација на 200 илјади дози вакцини од производителот Синофарм од Кина, врз основа на заклучоци од затворена владина седница одржана на 5.февруари.
Парите што биле префрлени на Стабри се вратени назад и нема извршено никаква исплата. Владата потоа склучила договор директно со производителот Синофарм.