Пратеникот информира за одлука на судот и постапка покрената од МВР
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Здравковски, информира дека Управниот суд ја прифатил жалбата што ја поднел за предмет поврзан со одлука на МВР од 2022 година.
Во објава, тој наведува дека станува збор за постапка што, според него, била неоснована.
„Денес ми стаса честитка од Управен суд со која ме известуваат дека жалбата што ја имам поднесено по една бесмислена одлука и измислен предмет од МВР од 08.07.2022 СЕ ПРИФАЌА“, наведува Здравковски.
Тој посочува дека предметот се однесувал на обвинување за поставување објекти за време на блокада кај Сарамзалино.
„Предметот беше толку мизерен, со обвинение за поставување на “објекти” на блокада кај Сарамзалино на која “организатори” бевме ние двајца како пратеници од опозицијата, иако сѐ беше навремено најавено, ама ете, тие решија дека не било 😀“, пишува тој.
Здравковски додава дека поради овој случај првпат се соочил со судска постапка.
„Поради овој предмет за прв пат влегов во суд, не затоа што беше нешто којзнае колку висока казната, туку од инает за да докажам дека сум во право“, наведува тој.
Во објавата истакнува дека трошоците за постапката биле повисоки од самата казна.
„Денес кога ќе направам есап повеќе пари сум дал по жалби и поплаки отколку висината на казната, ама чувството на победа над неправдата е непроценливо“, додава Здравковски.
