Осумдесет и деветгодишен прилепчанец со иницијали Т.М. починал во пожар кој ја зафатил викендичката во која што живеел во околината на Прилеп.
Како што информираат од СВР Битола, изутрината, во 8,10 часот во прилепската полиција e пријавено дека околу 7 часот настанал пожар во викенд куќа во месноста Бегова ливада, во околината на Прилеп. Во викенд-куќата живеел 89-годишниот прилепчанец со иницијали Т.М. Тој починал на лице место.
Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош, а увид направил јавен обвинител и телото е предадено на семејството.