Претседателот на Англискиот фудбалски сојуз (ФА) принцот Вилијам, го критикуваше денеска формирањето на европската Супер лига, нагласувајќи оти ја дели загриженоста на навивачите поради идејата за ново клупско натпреварување.
-Сега, повеќе од кога и да е, мораме да ја заштитиме целата фудбалска заедница, од најниско до највисоко ниво – и вредностите на натпреварувањата и правичноста во својата срж, напиша на Твитер војводата од Кембриџ, кој воедно е и претседател на Фудбалската федерација на Англија
-Ја делам загриженоста на навивачите поради предложената Супер лига и штетите кои ризикува да и ги нанесе на играта што ја сакаме, додаде принцот Вилијам.