Таа не испушташе прилика не само да коментира, туку дури и јавно го повика и покани Филипче на кафе, со желба за лична средба со него.

– За мене и министерот датумите 18 и 19 имаат значење, беше ноќта на 18ти кон 19ти кога на телевизија рече дека ќе пиеме кафе, се сретнавме на 19ти минатиот месец и еве сега на 18ти кон 19ти се случи песната, вели Лиде Лиде, најголемата обожавателка на министерот Венко Филипче, која го опеа во песната „ Лиде на Венко“ , за која сама си ја направи музиката и текстот, а и сама си ја изрецитира.

Песната може да ја погледнете во продолжение.