Тој беше вакциниран во центарот за вакцинација во Музејот на наука во Лондон.

Војводата од Кембриџ утрово го објави следното на Твитер: „Во вторникот, ја примив првата доза на вакцина против ковид-19. На сите што работат на процесот на вакцинација – благодарам за сè што сте направиле и продолжете да го правите тоа “.

Принцот Вилијам објави и слика на која се гледа како носи маска додека се вакцинира. Принцот ја прими вакцината во Кесингтон во близина на местото каде што живее со неговата сопруга Кејт и нивните три деца.

Палатата Кесингтон не објави која вакцина ја примил принцот. Тој е најновиот член на кралското семејство кој е вакциниран. Досега принцот Чарлс и кралицата Елизабета ја примија вакцината.

Вилијам претходно се залагаше за вакцинирање, поздравувајќи го „монументалниот“ успех на програмата и изразувајќи желба да ја добие првата доза.