Министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук профил објави:

-Дополнителни 12.870 дози од производителот Фајзер обезбедени преку директните преговори со производителот и преку ЕУ која ги обезбедува како помош преку трилатерални договори во рамките на програмата „Тим Европа“ (Team Europe) пристигнаа денеска

Министерот апелираше сите граѓани кои досега не се пријавиле за вакцинација да го сторат тоа што поскоро.