По огромниот успех кој го постигна серијата „Игра на Тронови“, авторот според чии дела е направена серијата, потпиша договор со „HBO“ за нови продолженија и стриминг на услугата „HBO max“.
Репортер од Холидув откри дека авторот, кој досега има освоено четири Еми награди за адаптација на неговиот најпродаван серијал „A Song of Ice and Fire“, потпишал петгодишен договор „вреден осум цифри“.
Мартин е моментално вклучен во пет проекти на „HBO“, меѓу кои и „Куќа на змејот“, која ќе се фокусира на моќната династија на Таргеријан, 300 години пред доаѓањето на „Игра на Тронови“.
Тоа ќе биде серија од 10 епизоди, која треба да започне да се снима нареден месец, а да се емитува во 2022 година.