Полициски службеници од Оперативниот тим потраги завчера во 13:55 часот на улицата „Мишко Михајловски” во Скопје го лишија од слобода Г.М.(43) од Скопје.
Како што информира МВР, тој бил баран со централна потерница од КПУ-Идризово поради бегство од затвор, а бил осуден на затворска казна од една година и еден месец за сторени кривични дела по член 215 и член 236 од Кривичниот законик.
Лицето било предадено во установата за издржување на казната.