Во Скопје денеска полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија го лишиле од слобода Г.Ј.(37) од Скопје, кај кого бил пронајден кокаин.

При претрес во неговиот дом и други простории, извршен со судска наредба, информираа од МВР, во хаварисано возило во дворот, биле пронајдени и одземени близу еден килограм кокаин и дигитална вага со остатоци од кокаин.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.