Заедно со припадници на специјалната полициска единица за брзи интервенции и високи полициски службеници претпладнево ваква акција се спроведува во градот Љушња.

Приведени се шест лица, меѓу кои и градоначалникот Фатос Туше, под сомнение за злоупотреба на тендери, а по три други лица се трага. Сите се дел од општинската админстрација, повеќето од секторот за катастар.

Финализирањето на антикорупциската операција во општина Лушње доаѓа еден ден по изјавата на првиот човек на СПАК, Арбен Краја, кој најави дека ќе има приведени службеници за проневера на јавни фондови во многу општини.

Градоначалникот Туше на ова функција е од 2011 година.

По контролата во службените простории, ќе биде извршен претрес и во домовите на приведените.