Полициски службеници од СВР Скопје синоќа во 22.35 часот го лишиле од слобода О.М.(24) од Скопје. Тој бил затекнат при обид да изврши тешка кражба во стан на ул.„Џон Кенеди“, сопственост на И.Е.(41) од Скопје.
О.М. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.