На  27.03.2023 година  во 14:45 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.С. (56) од Куманово.

Тој се сомничи дека на 22.02.2023 во деловен објект на улицата „Биљановска“ Куманово влегол и одзел повеќе предмети.

А.С. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.