Полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар, врз основа на судска наредба, денеска извршиле претрес во домот на Е.Х.(29) во с.Визбегово, скопско, при што беа пронајдени одземени седум велосипеди, кои потекнуваат од кривични дела „кражба“ и „тешка кражба“.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава.