Полициски службеници од СВР Охрид вчера го лишиле од слобода Б.Т.(33) од Охрид. Тој бил затекнат при извршување кражба во куќа на улица „Винковачка“ во Охрид.

Од МВР денеска информираа дека лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.