Полицијата од Оперативен тим потраги при СВР Скопје вчера во 23.30 часот на ул.„Гвадалахара“ во Скопје го лишила од слобода А.Р.(48) од Скопје.

-Тој бил осуден на казна затвор од девет години и шест месеци за сторени кривични дела „разбојништво“ по член 237 и „запуштање и малтретирање малолетно лице“ по член 201 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница по наредба на Казнено-поправната установа Затвор Куманово за доиздржување две годни и пет месеци од казната, соопшти МВР.

Лицето ќе биде спроведено во установата за доиздржување на казната.