Полициски службеници од Отсекот за потрага по цел во Одделението за потраги при Секторот за меѓународна полициска соработка, денеска по претходно превземени оперативно-тактички мерки, во атарот на село Патишка Река-Скопје, го привеле скопјанецот С. Д. (35), информираат од МВР.
Приведувањето е направено врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор од три години за сторено кривично дело по член 396 ст.1 од КЗ на РСМ. Лицето, како што велат од МВР, ќе биде предадено на надлежна казнено-поправна установа.