Во тетовско Долно Палчиште, полициски службеници од СВР Тетово вечерва го привеле 36-годишниот Џ.А.од ова село, осуден на тригодишна затворска казна за сторено кривично дело „тешка кражба”, соопшти МВР.

По приведувањето реализирано со судска наредба, Џ.А. е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор “Тетово” во Тетово.