Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје утрово во 5:50 часот на улицата „Јадранска магистрала” го лишиле од слобода С.И. (29) од Скопје.
Тој, како што соопшти МВР, се барал со судска наредба за доиздржување казна затвор во времетраење од две години и три месеци.
С.И. е спроведен во Казнено-поправната установа „Идризово” за доиздржување на казната.