Полициски службеници вчера го лишиле од слобода А.Ѓ.(21) од Скопје.

Од МВР денеска информираа дека за него била распишана централна потерница, по издадена судска наредба за издржување казна затвор од една година и шест месеци за сторено кривично дело по член 237 од Кривичниот законик.

Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.