Полициски службеници на СВР Тетово вчера во 21:30 часот го лишиле од слобода 45-годишниот тетовец Н.Б.

-Тој половина час претходно се однесувал агресивно и ја нападнал неговата 44-годишна сопруга и трите малолетни деца, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Н.Б. е задржан во Полициската станица Тетово за натамошна постапка и ќе му биде изготвен соодветен поднесок.