Денеска (21.09.2023) во 00.20 часот кај место викано „Дупки“ во близина на државната граница со Косово, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Долно Блаце при Регионалниот центар за гранични работи Север го лишиле од слобода И.А.(42) од с.Блаце, општина Чучер Сандево.

Тој бил забележан како од патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, врши истовар на кутии. По извршена контрола во возилото било констатирано дека во возилото има поголема количина различни производи за кои не поседува документација. Возилото и производите биле одземени за понатамошна постапка, а со лицето бил извршен службен разговор во полициска станица.

По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена пријава по член 278 од Кривичниот законик.