Конор Круз, посвоениот син на холивудските актери Том Круз и Никол Кидман, повторно привлече внимание во јавноста. Тој објави фотографија на социјалните мрежи за првпат по период на пауза од речиси две години.

Триесет и едногодишникот со години живее повлечено на Флорида и исклучително ретко споделува детали од својот приватен живот. Односот со неговата позната мајка и специфичниот начин на живот со децении будат голема љубопитност кај светската јавност.

Конор, кој за разлика од своите славни родители настојува да се држи подалеку од светлата на рефлекторите, ги изненади следбениците објавувајќи фотографија направена во друштво на пријатели за време на бејзбол-натпревар во Сент Питерсбург на Флорида. На фотографијата позира насмеан, а во описот кратко порача:

„Мораш да веруваш!“

Конор Круз со пријателите на бејзбол натпревар

Последната фотографија на платформата Инстаграм пред најновото огласување ја имаше споделено уште во јануари 2025 година, по што следеше долг период на целосно повлекување од интернет-мрежите.