Од таму наведуваат дека С.Т. од Ресен веднаш по лишувањето од слобода откако ѝ е пружена медицинска помош, задржана е во Полициска станица Гостивар, под соменение дека сторила кривично дело „повреда на семејни обврски“.
Таму таа ќе биде задржана за расветлување на поединости околу настанот, по што се очекува да биде изведена пред судија на претходна постапка во Основниот суд Гостивар.
Претходно од Основното јавно обвинителство информираа дека седумгодишното момче кое го загуби животот во пожарот било врзано со ланец бидејќи според семејството, било агресивно.