Полициски службеници од СВР Скопје, синоќа околу 20:50 часот, ги лишиле од слобода А.Р. (18) од село Јурумлери, скопско и М.Х.(18) од Скопје, затоа што одзеле повеќе предмети од продажен објект во трговски центар на ул.„Кирил и Методиј“.
Предметите биле пронајдени и вратени на сопственикот.

Двете лица биле приведени во полициска станица и со нив бил извршен службен разговор.

За случајот бил запознаен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава по член 235 од Кривичниот законик.