На 17.09.2023 во 22:00 часот во Радовиш, полициски службеници од Полициската станица Радовиш ги лишиле од слобода И.Д. (23) и Т.С. (19), и двајцата од село Конче, општина Конче, бидејќи при преглед кај нив, кај И.Д. била пронајдена марихуана.

И.Д. бил задржан во Полициска станица Радовиш и за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.