На 13.08.2022 во 23:00 часот на ул.„Васко Карангелевски“ од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје лишени се од слобода Д.Ч.(22) од Битола и сопатникот О.И.(28).
При преглед на патничко возило управувано од Д.Ч., кај сопатникот О.И. била пронајдена и одземена марихуана.
Во координација со Јавен обвинител против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.