Променливо облачно време со сончеви периоди ќе преовладува денеска во земјава. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, а максималната температура ќе се движи од 19 до 26 степени.
Во Скопје, исто така, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, слични временски услови ќе се задржат до крајот на новата седмица. Ќе има променлива облачност со повремени сончеви периоди и слаб до умерен ветер претежно од северен правец.
Утринските температури во наредните денови ќе бидат пониски и ќе се движат од два до 14 степени. Дневните температури ќе останат во границите на просекот за овој период од годината и ќе достигнат до 25 степени.
