– На 22 и 24.12.2021 на подрачјето на Центар се лишени од слобода Т.В.(38) и Б.Т.(33), двајцата од Скопје, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“, сторена на 17.12.2021, информира МВР.

Во соопштението се додава дека лицата во целост го потврдиле делото, а извршено е и препознавање од оштетената во присуство на јавен обвинител, по што украденото и е вратено.

– По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, додаваат од МВР.