На 24.07.2022 во 20.45 часот на улица ,,Живко Брајкоски“ во Гостивар, полициски службеници од Полициската станица Гостивар ги лишиле од слобода Е.К.(23) од гостиварско Калиште и М.О.(37) од скопско Шуто Оризари. Тие се сомничат дека околу 13.45 часот со употреба на сила и подесен алат влегле во подрум од зграда на улица ,,19 Ноември“ во Тетово и одзеле велосипед, сопственост на Ј.Ш. (32) од Тетово.

Двајцата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.