Полициски службеници лишиле од слобода неготинец за издржување затворска казна, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

– Вчера во 10:50 часот во неготинско село, врз основа на судска наредба, полициски службеници од Полициската станица Неготино го привеле Н.Ј.(43) за издржување затворска казна. По приведувањето, лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Гевгелија за издржување на казната, посочуваат од МВР.