На бул.„Партизански одреди“ во Скопје вчера околу 15.30 часот полициски службеници од СВР Скопје – Полициска станица Карпош, врз основа на судска наредба, го лишиле од слобода Б. А.К.(64) од Скопје за издржување затворска казна за сторено кривично дело „измама“ по член 247 од Кривичниот законик, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.
Лицето, како што се посочува, било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната.