ошаркарската репрезентација на Македонија во Гевгелија вчера со резултат 58-36 ја совлада Норвешка во рамките на претквалификациони натпревари за следниот Евробаскет.

Македонската кошаркарска репрезентација ја совлада Норвешка со 58-36, во првиот од двата натпревари со скандинавски ривали во претквалификациите за следниот Евробаскет. Дуелот во Гевгелија донесе многу борба, мал број на поени и видно повеќе квалитет во нашиот табор.

Најефикасни во македонскиот табор беа Војда Стојановски и Виктор Крстевски со по 14 поени, додека кај Норвешка се истакнаa Јавара и Фреј со по 11 поени.

Во недела од 19:00 часот следи дуелот против Данска исто така на паркетот во Гевгелија.

Пред дуелот со Норвежаните посебно признание доби градоначалникот на Гевгелија, Андон Сарамандов, за поддршката и гостопримството.

Салата „26 април“ е исполнета до последното место, а Македонија, и вака подмладена, е голем фаворит во дуелите против овие две скандинавски селекции.