Вели дека, сакајќи да го преземе сопствениот сертификат за вакцинација, тој успеал за само неколку минути да влезе во системот и да оствари увид врз личните податоци кои што се наоѓаат на истиот. Загрижен за безбедноста на податоците, човекот анонимно се обрати до Алфа, но ги достави документите кои ги обезбедил, за да алармира колку лесно може некој со минимални информатички познавања да упадне во системот со стотици илјади матични броеви и лични информации, особено ако се знае дека доколку тие паднат во погрешни раце можат да бидат злоупотребени.
На страницата Вакцинација. мк пишува дека контролор на личните податоци кои ги давате е Министерството за здравство, а дека самите ги одржуваат серверите и сите активности на веб страната, вклучувајќи ги логовите кои се креираат и анализата на податоците кои се пренесуваат од посетата на веб страната.
Активностите на обработка на лични податоци поврзани со on-line услугите достапни преку интернет страната на МЗ, се извршуваат од страна на вработените одговорни за овие услуги или лицата задолжени за извршување на предметните активности.
Не споделуваме податоци за Вас и/или за Вашата посета на нашата веб страна, на трети лица, освен во следните случаи: во случај на ангажирање на даватели на услуги ако МЗ ги ангажира како обработувачи со што ќе бидат обврзани да постапуваат по упатствата на МЗ и обезбедат заштита на личните податоци кои се обработуваат при обезбедувањето на тие услуги.
По барање на суд, полиција или други органи и тела за вршење на нивните надлежности и само ако постои законски основ за тоа – стои во делот приватност на оваа веб-страница.
Сепак, едноставноста со кое лице со просечни познавања на информатиката може да влезе во системот, би требало да ги загрижи речиси четврт милион граѓани кои своите податоци ги оставиле на сајтот. На каква заштита на приватноста тие можат да се надеваат и дали ќе се издадат нови, овој пат безбедни, сертификати, треба да одговорат надлежните.
Одговорноста на стручните лица во Министерството за здравство е огромна а во јавноста се наметнува прашањето, колку институциите на кои им ги доверуваме нашите лични податоци ги штитат истите.