Град Скопје повторно ја игнорира Општина Аеродром. Најбројната скопска општина одново е полна со отпад, а во реакција упатена до медиумите Општината пишува дека залудни се ургенциите, апелите и писмените барања до градските власти.
Од Општината велат дека досега десетина пати апелирале и имале ургенции до Град Скопје.
Аеродром повторно е пренатрупан со отпад. За жал, главните улици и контејнери кои се во надлежност на Градот Скопје повторно се неисчистени и во лоша состојба, пишува од Општина Аеродром.
Тие додаваат дека аеродромци издвојуваат средства за Комунална Хигиена Скопје и дека хигиената е нивно загарантирано право.
Жителите на Аеродром издвојуваат финансиски средства за оваа намена, градската администрација и градското комунално претпријатие и понатаму продолжуваат неодговорно кон јавната хигиената во општината, соопшува Општина Аеродром.
Ова е не првпат Град Скопје да ги игнорира проблемите во Општина Аеродром. Да се потсетиме, претходно Муцунски заедно со градоначалникот на Кисела Вода го истури отпадот пред Дрисла.
Останува да видиме дали Град Скопје ќе си ја исполни својата законска должност.