Министерот Тошковски се осврна на процедуралнаta грешка
Истрагата покажа дека Гаши и неговото семејство не биле најавени во системот за контрола на патници и возила при поаѓање. Овој пропуст се должи на процедурална грешка. Министерот Тошковски изјави дека не се почитувал стандардниот протокол за евидентирање на сите патници и возила. Следствено, началникот на смената на граничниот премин ќе одговара за овој превид.
На 18.08.2024 година во периодот од 18:40 до 18:42 часот на граничниот премин под полициска придружба поминале шест возила, од кои три полициски возила и едно возило ВИП. Подоцнежниот преглед со помош на системот за контрола на патници и возила откри дека ниту шефот на делегацијата ниту членовите на неговото семејство не биле евидентирани како заминуваат. Дополнително, констатирано е дека не е во целост почитувана процедурата за евидентирање на лица кои поминуваат на граничниот премин во системот за контрола на возила и патници
Законитост на патувањето
Тошковски појасни дека Гаши претходно го уредно го пријавил патувањето во МВР. Преминот, завршен за две минути бил според ВИП безбедносните протоколи, потврдувајќи ја неговата законитост.
Политички реакции и тензии
Коалицијата „Вреди“ застана во одбрана на Гаши, доведувајќи го во прашање недостигот на контрола за слични постапки на поранешниот премиер Зоран Заев и Венко Филипче, кои ги преминуваа границите со мотори со државната безбедност.
Зошто немаше слична реакција кога Зоран Заев и Венко Филипче ги преминаа границите со мотори, придружувани од обезбедување? Дали таквите постапки се сметале за прифатливи и во согласност со безбедносните протоколи во тоа време или дури сега биле оценети како несоодветни. Африм Гаши и неговото семејство прописно ја поминале границата и никогаш не ја поминале ниту една граница пеш како некој други личности.
Партијата ЗНАМ изрази фрустрација, како одраз на внатрешните коалициски тензии. Лидерот на партијата Димитриевски истакна дека иако ЗНАМ го почитува Вреди како партнер, неопходно е да се избегнат практиките поврзани со минати политички субјекти.