Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира утрово Авто мото сојузот на Македонија.
АМСМ информира дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Се бележи зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце за влез и ГП Богородица за излез, времето на чекање е околу 30 минути до 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Граѓани на социјалните мрежи тврдат дека утрово помеѓу два и три часа се потребни за да ги минете двете пасошки контроли кон Грција на граничните премини Богородица и Дојран.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
