Сообраќајниот метеж на граничниот премин Богородица започнал уште рано утрово, со формирање колони од возила кои чекаат за излез од државата. Сликата останала непроменета и во попладневните часови, кога на видеокамерите се забележуваат возила кои во повеќе ленти чекаат за премин на македонско-грчката граница. Причина за ваквиот интензитет на сообраќајот е продолжениот викенд кој граѓаните го користат за патување кон Грција. Дополнително, зголемениот сообраќај се поврзува и со редовната смена на туристичките смени. Колоните се забележливи во повеќе ленти пред граничниот премин. Гужвата на Богородица трае во текот на целиот ден.
