Комисија за финансирање и буџет денеска трет ден ќе расправа по амандманите за Предлог-буџетот за 2026 година. За Предлог-буџетот се поднесени околу 200 амандмани. Економскиот раст е проектиран на 3,8 проценти, инфлацијата на 2,5, а буџетскиот дефицит на 3,5 проценти од БДП. Државата планира 374,7 милијарди денари вкупни приходи, 413,9 милијарди денари вкупни расходи, како и 40,5 милијарди денари капитални инвестиции.
Во Собранието седница ќе одржи и Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците. На дневен ред на комисијата е Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за правата на заедниците кои се помалку од 20 проценти од населението во Република Северна Македонија, во второ читање.
