Продолжува раздорот меѓу студентите. Тие го избришаа својот профил „студентски пленум“. Потенцираа дека се жртви за манипулација.

Избришана Инстаграм страницата на студентскиот пленум

При првичниот собир на студентите Факултетското студентско собрание на Филозофскиот факултет при УКИМ изгласа недоверба на делегатите на УСС УКИМ. Се појави и нова страница под името „студентски пленум“. Но, и оваа стрница веднаш го изгуби реномето откако се појави видео дека добиваат инструкции од Србија за да прават дестабилизација во Македонија на грбот на несреќата во Кочани.

Видео од состанокот

Во продолжение може да го погледнете видеото од состанокот за српско сценарио за хаос и дестабилизација во државава. Може да се забележат партиски активисти од опозицијата, координирани од Белград.

Оттука станува јасно дека зад најавениот протест за понеделник не стои искрен студентски револт, туку внимателно прикриена политичка агенда и обид за искористување на трагедијата во Кочани за партиски цели. Наместо автентичен студентски израз, станува збор за координирана политичка операција, а како организатор се појавува Кирил Митановски, активен член на партијата Левица.

ПРОТЕЧЕ ВИДЕО: Инструкторка од Србија ги насочува како да го злоупотребат случајот „Кочани“ во Македонија!

Инструкции од Србија за нереди во Македонија

Излегоа информации и за организаторката која дава инсртукции од Србија. Нашиот медиум ги разобличи лагите дека не стои искрен студентски револт, туку политичка пропаганда.

Сташа Цветковиќ е името на „инструкторката“ за правење дестабилизација и злоупотребување на трагедија од Кочани. Студира архитектура во Белград. Можно е да е поврзана со тајни служби кои имаат за цел да го прелеат српското сценарио во Македонија. Повеќе детали од линкот во продолжение.

(ФОТО) ЕВЕ КАКО СЕ ВИКА ИНСТРУКТОРКАТА ОД СРБИЈА КОЈА ПОДГОТВУВА НЕРЕДИ ВО МАКЕДОНИЈА – дали работи за тајна служба?

Доколку биде спроведено ова сценарио може да предизвика долготрајна политичка и економска дестабилизација, каква што македонските граѓани веќе еднаш скапо ја платија.

Дополнително, сомнежи за позадината на протестот се јавија откако меѓу организаторите се појави и името на Борјан Ефтимов кој има речиси 30 години.

ОВА Е НАШИОТ ЧАЦИ: Има 30 години а го закажал првиот протест на студентите – српската инструкторка координира!

Шокантната видео снимка каде се забележува дека инструкторка од Србија ги насочува студентите како да го злоупотребат случајот „Кочани“ во Македонија, тие го ставија прстот на челото. Освен снимката, откако се објави дека организатор на протестите е и скоро 30 годишниот Борјан ЕфтимовНезависниот студентски сојуз излезе со соопштение.

Студентите го откажаа собирот по објавеното видео со инструкторката од Србија – жртви сме на обид за манипулација!

Левица го расчистува патот за СДСМ – тактиката на „Шарената револуција“ се враќа

Истите механизми што некогаш беа користени во т.н. „Шарена револуција“, денес се реактивираат. Активисти на Левица повторно играат улога на независна опозиција, овозможувајќи услови за реабилитација на истрошените политички елити од СДСМ.

Тие истите кои денес се обидуваат да претстават протест како спонтано студентско движење, беа дел и од протестите на Шарената револуција. Тогаш поддржуваа и помагаа иницијативи кои доведоа до соборување на режимот на Никола Груевски. Со тоа се отворија процеси што резултираа со промена на името, серија национални отстапки и огромна корупција што траеше 7 години.

Јавноста мора да препознае: ова не е револт – ова е политичка експлоатација

Злоупотребата на трагедијата во Кочани не смее да биде дозволена. Болката на семејствата, загубата на младите животи, националниот шок – не смеат да се користат за политички поени. Граѓаните имаат право на автентичен гнев, но не сме да бидат дел од сценарија напишани во штабовите на Левица и СДСМ.

Останува да видиме која ќе биде целата разврска од оваа трагедија. Дали раздорот меѓу студентите ќе продолжи или ќе сфатат дека нивните искрени намери некој ги злоупотребува за политички цели.