Безмилосни детали за двојното убиство

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска продолжува судењето за убиството на Вања и Панче, со завршен збор на одбраната на обвинетите. На последното рочиште, обвинителката Ана Стојковиќ Димитровска побара максимални казни – доживотен затвор – за четворицата обвинети: Љупчо Палевски, Влатко Кешишев, Боре Видевски и Велибор Манев. За Александар Ѓорчевски, татко на Вања, Обвинителството предложи судот да му изрече соодветна затворска казна.

– „Изјавите на обвинетите не се поклопуваат со доказите, а мотивот за убиство не мора да биде утврден – тоа е субјективен елемент кој не е неопходен за донесување пресуда“, изјави Стојковиќ Димитровска.

Според обвинението, доживотен затвор е побаран затоа што обвинетите не покажале никакви олеснителни околности и нивните постапки ја дестабилизираат јавноста. Александар Ѓорчевски, иако, како што се наведува, не сакал директно да ѝ наштети на Вања, учествувал во нејзиното киднапирање. Велибор Манев признал учество во убиствата, Боре Видевски прво признал, па подоцна негирал, Влатко Кешишев се обидел да се прикаже како „слеп послушник“, а Љупчо Палевски се посочува како главниот организатор.

Одбраната возвраќа – контрадикторности во обвинението

Адвокатот Владимир Туфегџиќ, кој го брани таткото на Вања, истакна дека обвинителниот акт е сам по себе противречен.

– „Во обвинителниот акт никаде не се споменува Александар, ниту постои каква било поврзаност со делото. Не е приложен ниту еден доказ дека имал комуникација со Палевски“, рече Туфегџиќ.

Според обвинението, обвинетите заедно го испланирале киднапирањето на 14-годишната Вања со намера да изнудат откуп од нејзиното потесно семејство. Жртвата Панче Жежовски, пак, бил грабнат во Велес за да им го даде својот автомобил „ситроен“, со кој потоа било извршено грабнувањето во Скопје.

Па повидок е доживотен затвор оние кои го извршиле за убиството на Вања и Панче.

Трагичен крај на два животи

Малолетната Вања беше пријавена за исчезната на 27 ноември, а Панче на 24 ноември 2023 година. Двајцата беа пронајдени мртви на 3 декември, едниот кај Скопје, другиот кај Велес.

И покрај тежината на обвиненијата, сите обвинети на почетокот на судењето се изјаснија како невини. Љупчо Палевски тврдеше дека случајот е политички монтиран.