Дел од приватните автобуси и викендов на скопските улици само до 10 часот наутро. Нема решение за нивните барања да им се исплати долгот.

Утре ќе носат конечна одлука дали идната недела продолжуваат да возат по скопските улици или пак е можно целосно да го прекинат превозот. Граѓаните поделени во мислењата, едни ги поддржуваат, други револтирани поради сообраќајниот хаос во метрополата.

Дел од нив од претходниот директор на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“, кој беше разрешен, добиле ветување дека постепено ќе им се исплаќаат заостанатите средства и дека до септември целосно ќе им бил исплатен долгот. Градоначалничката Данела Арсовска пак негира дека градот има долг кон приватниците, а лани рече оти е сигурна дека град Скопје може да функционира и без приватни автобуски превозници.