Изминативе денови екипите на ЈП Улици и патишта Скопје работат на санирање на средишните жардињери на булеварот ВМРО и булеварот Партизански Одреди. Санирани се и оштетената пешачка патека на улицата Филип Втори и на улица Братфорска. Санацијата и реконструкцијата на пешачките патеки во градски парк продолжува, како и секојдневната санација на ударни дупки на градските сообраќајници.

Санација и обнова имаше на оштетените заштитни столбчиња на улиците во Централно градско подрачје,како и на вертикалната сигнализација. Се обележуваат автобуските и такси постојките,а црлосно е обележана и улицата 808.
Во тек се и подготовките за семафоризација на булеварот АСНОМ кај новиот мост, како и подготвување на инсталацијата на семафорите на крстосница бул.Босна и Херцеговина со улица Лазо Трповски. Екипите продолжуваат со извршување на тековните активности според предвидениот распоред и во наредните денови.