Сепак, компанијата наведе дека растот на приходите „значително ќе забави“ во втората половина на 2021 година. Забавувањето на продажбата се очекува да се случи по посилниот раст, по периодот на локдаун кога компаниите користеа огласи преку интернет за да стигнат до потрошувачите, јави Би Би Си. Вредноста на акциите на Фејсбук се намали за пет проценти по работното време на берзата.

Основачот и извршен директор на компанијата, Марк Закерберг оцени дека претходниот квартал бил силен, како и дека Фејсбук продолжува да им помага на луѓето и компаниите да останат поврзани. Бројот на корисници на оваа социјална мрежа се зголеми на 2,9 милијарди.

Иако профитот на компанијата се зголеми за 10,4 милијарди долари во вториот квартал, Фејсбук предупредува дека очекува стапките на раст на вкупните приходи значително да забават од година во година.