-Претседателот Бајден прогласи состојба на катастрофа во Калифорнија и нареди на Федералната служба за помош да обезбеди закрепнување на сојузната држава, која беше погодена од пожарот Калдор. Пожарот започна на 14 август и се уште гори, додаде Белата куќа.
Повеќе од 6.800 шумски пожари годинава изгореа речиси 700.000 хектари земја во САД
Пожарите беа предизвикани од екстремно топлите и суви временски услови за кои експертите велат дека се должат и на климатските промени.
Пожарот Калдор досега е 65 отсто локализиран, при што беа повредени пет лица и оштетени 81 објект.