Две од водечките компании во САД во тој сектор, ги советуваат родителите да размислат да купат порано играчки за децата бидејќи испораките ќе им одземат многу повеќе време од вообичаеното.
– Ќе има огромен недостиг на продуктите оваа година. Има побарувачка, но тешко е да одговориме на тие барања, изјави Ајзак Ларијан од MGA Entertainment за Си-ен-Ен Бизнис. Тој додаде дека главната причина за очекуваните повисоки цени се и зголемените цени за транспорт, и го споменува гигантот Maersk како пример.
– Минатата година испораката на еден контејнер беше 3.200 долари. Сега цената е 22.000 долари. Во меѓувреме цените за суровини и труд растат експоненцијално. Само за производство во Кина расходите ни се зголемени за 23 отсто. Тоа ќе се одрази на повисоки продажни цени, нагласува тој.