Општина Аеродром деновиве ги подготвува фонтаните во сите паркови за нивно пролетно пуштање во употреба.

Наскоро вода ќе бликне во фонтаната „Тоше Проески“ во Ново Лисиче, како и во парковите „Јане Сандански“, Паркот на езерата, Паркот на светлината, паркот „Бановина“, паркот „Авион“, паркот „Бојмија“, како и од други фонтани низ целата територија.

Службите интензивно работат на нивно чистење, отстранување на дефектите, а онаму каде што е потребно се поставуваат нови пумпи, како и мозаични плочки за нивно целосно уредување.

Откако фонтаните целосно ќе се оспособат и временските услови ќе дозволат, тие ќе бидат пуштени во употреба, а Аеродром ќе го добие својот посебен и препознатлив сјај.