Во Скопје, претпладне променливо облачно, а попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде 10, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Од понеделник ќе се задржи свежо време со температури кои ќе бидат под просекот за овој период од годината. Се очекува утринските температури од вторник на повеќе места да бидат околу нулата. Од средината на следната седмица ќе има зголемена облачност со услови за локален дожд.